Давид Атанаскоски со покана за Македонија У-21

4227

ФК Академија Пандев со уште еден репрезентативец, овојпат во репрезентацијата на Македонија У-21. Добрите игри на Давид Атанаскоски беа регистрирани од страна на селекторот Боби Милевски. Денес официјално ФК Академија Пандев доби покана за настап на Атанаскоски за репрезентацијата У-21 за претстојниот натпревар против Црна Гора кој ќе се одигра во Скопје. ФК Академија Пандев на Давид Атанаскоски му посакува успешен настап и континуитет во настапите за Македонија У-21.