Грозданоски: Од соработката со Академија Пандев најголем бенефит ќе имаат младите фудбалери

5680

Фудбалската школа „Грозданоски“ е една од првите кои го прифатиja повикот да работат под капата на Академија Пандев.

1

Откако минатиот месец беше усвоен унифицираниот план за работа и селектирање на младите фудбалери, со него почна да функционира и школата „Грозданоски“. Разговараме со координаторот на школата Марјан Грозданоски кој воедно е и тренер на една од младинските категории.

2

Од кога постои школата „Грозданоски“, колку деца брои и на кој принцип работите?

grozdanoski

Нашата школа работи веќе една година, поточно од 17 септември 2016 год, неодамна го прославивме првиот роденден. За една година има голема заинтересираност за нашата школа, а точната бројка не може да се каже затоа што постојано варира. Нашите млади фудбалери се на возраст од 6 до 14 години и се поделени во групи според возраста. Работиме според програмата и насоките дадени од Академија Пандев.

Како дојдовте на идеја да соработувате со Академија Пандев?

4

Знаевме дека Академија Пандев е една од најдобрите фудбалски школи во Македонија. Имаат големо фудбалско име во Горан Пандев кој што вложува многу во фудбалот и развојот на младите таленти низ земјава. Затоа кога пристигна понудата не размислувавме многу и сигурне сме дека ќе имаме одлична соработка.

Кои се бенефитите од соработката со најдобрата младинска академија во земјава?

5

Бенефит од соработката најмногу ќе имаат нашите членови, затоа што со тој договор дечињата ќе имаат шанса да покажат што знаат на меѓународни турнири и кампови кои заедно со Академија Пандев ќе бидат организирани и секако во секое време дечињата ќе бидат скаутирани од луѓето кои работат во Академија Пандев и од странски менаџери. А најмногу ќе добијат откако ќе биде пуштен во употреба фудбалскиот комплекс на Академија Пандев во Струмица.

Како изгледа стручниот штаб во школата Грозданоски? Кој се’ работи со децата и каква е нивната стручност?

7

Моментално во стручниот штаб сме четворица тренери, сите лиценцирани од Фудбалската федерација на Македонија, се разбира со претходно искуство во работењето со млади категории и секако педагози кои пред се ќе ги насочат децата кон правилен начин на живот. Со децата работам јас Марјан Грозданоски, Влатко Грозданоски, Дејан Димитријевиќ и со голманите работи Љубиша Величковски.

9 10 11 12 13 14 15 16 17 18