Гостите од Косово супериорни во денешниот натпревар

2136

ФК Академија Пандев : ФК 2 Коррику 1:4. Во денешниот натпревар помеѓу двата тима на дечиња родени 2004 год, гостите од Приштина се покажаа како подобар противник. Тие доминираа во текот на 3-те дела кои се одиграа по 30 мин. За одбележување е супериорноста на гостинскиот тим во текот на целиот натпревар, едноставно доминираа во сите сегменти на фудбалската игра. Во оваа генерација во тимот на ФК 2 Коррику има неколку извонредни таленти кои техничките и тактичките елементи ги имаат совладано на високо ниво. Им посакуваме само добра иднина на овие извонредни дечиња.

Соработката помеѓу ФК Академија Пандев и ФК 2 Коррику продолжува и понатаму. Веќе во најблиска иднина се закажани контролни натпревраи за две генерации, кои ќе се одиграат во Приштина, Р. Косово.