Ген.2002 се пласираше во 1/2 финалето од купот на Македонија

2208

Фудбалерите на ФК Академија Пандев за играчи родени 2002 и помлади истотака се пласираше во полуфиналето од купот на Македонија за оваа категорија. Нашиот тим беше убедлив и во реваншот против ФК Победа кој исто така го добија со убедливи 6:0. По првиот натпревар нашиот тим имаше предност од 4:0 која денеска само ја зголеми и со вкупни 10:0 се пласираше во полуфиналето од купот на Македонија.