Генерација 2006 и 2007 се пласираа во 1/4 финалето на “Кул куп 2016“

5424

Турнирот “ Кул Куп 2016“ кој го организира нашата збратимена фудбалска школа ФК Кул – Пандев од Скопје е во полн ек. Денес завршија натпревраите во групната фаза, а веќе утре претпладне и попладне се закажани и завршните натпревари за пласман. ФК Академија Пандев на овој турнир учествува со две генерации 2006 и 2007 и истите обезбедија пласман во 1/4 финалните натпреври. На дечињата им посакуваме успех, дружење и забава во утрешните натпревари.