Генерација 2004 го освои “Balcan Promises cup” 2017

4315

Генерацијата 2004 предводена од тренерот Петар Андреев синоќа го освои првото место на турнирот “Balcan Promises cup”, кој во изминативе 4 дена се одржуваше во Охрид.

Нашите дечиња во групната фаза ги победија Ланиништа од Струга со 4:0, Сакариаспор од Турција со 8:2. Во полуфиналето бевме поуспешни од Интернационале од Тирана со 2:0, а во финалето по тешка борба нашите млади дечиња беа поуспешни од ФК Зафир спор од Турција со 3:1.

Чесритки за нашите дечиња од ген.2004 кои уште еднаш докажаа дека ФК Академија Пандев не треба да се грижи за својата иднина.