Генерација 2003 со победа од 12:1 во првиот 1/4 финален натпревар од купот на Македонија

3702

генерација 2003 – ФК Академија Пандев : ФК Фортуна 2009 12:1

Во првиот натпревар од 1/4 финалето на купот на Македонија за играчи родени 2003 и помали нашиот тим имаше успешен настап и убедлива победа. ФК Академија Пандев го совлада тимот на ФК Фортуна 2009 од Скопје со убедливи 12:1. Со овој резултат се чини дека играчите на тренерот Ѓорги Стојчев со едната нога се во полуфиналето, но сепак тоа официјално ќе се знае после реванш натпреварот кој ќе се одигра за 2 седмици на теренот на ФК Фортуна 2009 во Сингелиќ.