Генерација 2003 со огромна победа од 0:7 во првиот 1/2 финален натпревар

1064

ФК Гоблен : ФК Академија Пандев 0:7

ФК Академија Пандев генерација 2003, предводена од тренерот Ѓорги Стојчев извојува убедлива победа во првиот 1/2 финален натпревар од купот на Р. Македонија. Противник на нашиот тим беше ФК Гоблен од Куманово. Стрлци за ФК Академија Пандев во ова гол шоу беа: Коцевски Ѓорги со 3 гола, Шутевски Мартин со 2 гола и по еден гол постигнаа Талаков Мартин и капитенот Глигоров Васко. Со оваа убедлива победа на гостински терен, слободно можеме да кажеме дека ФК Академија Пандев е едниот финалист во националниот куп на Македонија за генерација на фудбалери родени 2003 година.