Генерација 2002 со победа од 0:4 над ФК Победа во првиот 1/4 финален натпревар во националниот куп

2007

Уште една наша генерација беше успешна во вчерашните натпревари од националниот куп. Генерација 2002 го одигра првиот 1/4 финален натпревар во националниот куп. Нашиот млад тим гостуваше во Прилеп каде го одигра првиот натпревар против ФК Победа. ФК Академија Пандев извојува убедлива победа на гостински терен со 4:0, стрелци на головите беа : Тасев 2, Стојанов и Терзиев. Се чини дека реваншот во Струмица ќе биде само формалност и ФК Академија Пандев во генерација 2002 ќе го има првиот полуфиналист од купот на Р. Македонија.