Вториот состанок на фудбалските школи на Академија Пандев мина подобро од очекувањата

2227

Во текот на денешниот ден се одржа состанок на Академија Пандев на кој присуствуваа координаторите на младинската школа, спортскиот директор Југослав Тренчовски и претставници од останатите школи од повеќе градови од Македонија кои соработуваат со нашиот клуб.

На состанокот се разговараше за идните планови на младинските школи и заедничката координација со цел да се достигнат подобри резултати во иднина и поголема соработка на ниво на школите кои дејствуваат во Скопје, Куманово, Кичево, Тетово…

DSCN9155

Како една од целите на младинската школа е организирање на летен камп кој ќе се одржи во Банско, Република Бугарија и ќе трае од 16-ти до 26-ти јуни во две смени, на кој ќе присуствуваат околу илјада деца од цела Македонија.

DSCN9171

Соработката помеѓу фудбалските школи е на се повисоко и повисоко ниво, се даваат завршните идеи за ново функционирање на севкупната младинска школа од јули, како и планови за селектирање на екипи кои би настапувале во регионалните натпреварувања во Македонија, но и на силни турнири во странство. Во план е да се одржуваат и турнири помеѓу фудбалските школи се со цел да се унапреди соработката и да се изнедри квалитетот кој го поседуваат талентираните дечиња.

DSCN9169

Меѓу присутните на состанокот беше и Горан Крковски, координатор на фудбалската школа „Драчево – Јуниор“ од Скопје.

„Нашата школа брои некаде околу стотина дечиња, распределени во категории од 2004. година, па се до 2010-та. Се натпреваруваме во лигите на ФФМ, зависно по генерација, како и во детската лига „Кул“ каде се натпреварува најмалата генерација 2009/10. Сега за сега сме задоволни од соработката со Академија Пандев. Гледаме голем позитивен момент, добра отскочна даска за нас, уште поголем квалитет во нашата работа, поголема можност за напредување, поголема логистика, подобар маркетинг… Се надеваме дека ќе бидеме уште поуспешни и дека ќе соработуваме уште долго со голем заеднички бенефит во иднина“, изјави Крковски.

DSCN9176