„ Виареџо тимот “ со две убедливи победи во контролните натпревари

1853

Екипата на ФК Академија Пандев која ќе учествува на претстојното 68-мо издание на “Виареџо КУП“ 2016 одигра два контролни натпревари.

Во првиот натпревар на „Општинскиот терен со вештачка трева“ во Струмица нашиот тим беше домаќин на младинскиот тим на ФК Хоризонт – Турново. Натпреварот заврши со победа на ФК Академија Пандев со резултат 3:1. Стрелци на головите за нашиот тим беа: Мишов, Миловановиќ и Ефремов.

Во средата пак истиот тим на ФК Академија Пандев одигра контролен натпревар против ФК Бирлик – Конче , лидерот на Општинската фудбалска лига – Радовиш. Натпреварот изобилуваше  со многу голови, а конечниот резултат гласеше 15:0 за ФК Академија Пандев. Стрелци во голеадата беа: Радојчиќ 3 гола, Трапановски, Ефремов, Миловановиќ и Михаилов постигнаа по 2 гола, а стрелци на по еден гол беа: Мишов, Петков, Киров и Шилинов.