Вареловски: Покрај сè, нашите амбиции остануваат исти, а тоа е врвот на табелата

1304

Академија Пандев покрај поразот од Вардар (0-2), од дуелот со актуелниот првак би можело да остане покуса за еден фудбалер од почетниот состав. При крајот на првото полувреме, непосредно пред примениот гол, поради повреда теренот мораше принудно да го напушти Александар Вареловски, на чие место влезе Ѓорги Марков.

„Првото полувреме беше доста израмнето, да не го примевме тој гол во финишот, мислам дека нештата ќе беа сосема други. Потоа моравме да нападнеме, се отворивме малку повеќе што остави простор за контри на Вардар. Тоа тие го искористија откако го дадоа и вториот гол. Покрај се, дали сме изгубиле, победиле или одиграле нерешено, нашите амбиции остануват исти, а тоа се врвот на табелата. Се надевам ќе прекине ова проклетство кое не фати овој месец, особено на домашен терен“, изјави Вареловски.

Се уште не е позната тежината и видот на повредата, но првичните информации говорат дека не е нешто сериозно.

var1

„Што се однесува до повредата, се надевам дека не е сериозно“, прокоментира на кратко.

Академија Пандев веќе во среда ја очекува реванш дуелот од  ¼ финалето од Купот на Македонија. Противник е тимот на Тетекс кој во првиот меч игран во Тетово го совладавме со 2-0.