Вардар пресилен за Академија Пандев

1342

Екипата на Академија Пандев го забележа вториот пораз на домашен терен сезонава, вкупно петти, откако актуелниот шампион Вардар славеше на „Младост“ во Струмица со 0:2.

Во прекрасен амбиент се одигра дебито помеѓу двете екипи, „Младост“ беше солидно исполнет, условите за натпревар беа одлични, а шмек на натпреварот му дадоа и гостинските навивачи.

Вардар дојде до водство со голот на Максимов во 45. минута, а во 88. минута Стојков ги постави конечните 0:2.

По оваа победа Вардар се одалечи на второто место на табелата со 32 бода, додека нашиот тим останува на четвртото место со 25 бода и натпревар помалку од третопласираниот Силекс кој има 28 бода.

a.pandev-vardar8

a.pandev-varda6

a.pandev-vardar6