Борба за втората позиција во ПМФЛ

980

ФК Академија Пандев попладнево од 15:30 часот на стадинот “Младост“ во Струмица го игра дуелот од 6.коло во ПМФЛ.

Противник е битолски Пелистер кој во досегашниот дел од шампионатот успеа да оствари идентичен учинок како и нашата екипа, две победи, две нерешни средби и еден пораз.

Денешниот меч ќе биде воедно и борба за втората позција на табелата, со оглед на тоа дека и двата тима имаат идентично бодовно салдо, односно 8 бодови.

Со помош на домашната публика ФК Академија Пандев се надева дека ќе може да стигне до трите бода на овој дерби дуел, кој привлекува големо внимание.

Токму поради тоа за сите оние кои нема да можат да го следат мечот во живо, ќе има телевизиски пренос на ТВ Нова.