Атанасов ја одведе Македонија во елитната група

486

Фудбалерите на Академија Пандев во овој период се исклучително активни во репрезентациите на Македонија.

Јани Атанасов, кој играше за репрезентацијата до 19 години, ја одведе Македонија во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство, откако го постигна својот втор гол во овие квалификации. Атанасов стрелаше од пенал за 2:1 и потврда на победата над Белгија.

Освен Атанасов, во вторник во репрезентацијата до 21 година се ангажирани Чешмеџиев и Атанасковски кои ќе бараат победа над репрезентацијата на Австрија за враќање на победничките патеки во квалификациите, по поразите од Србија и Гибралтар.