Атанасов и донесе победа на репрезентацијата до 19 години

1359

Фудбалерот на Академија Пандев, Јани Атанасов го постигна победничкиот гол за репрезентацијата на Македонија до 19 години на стартот од квалификациите за пласман во Елитната фаза за ЕП.

Македонија ја совлада Швајцарија со 2-1 во првиот меч и си го олесни патот до првото место во групата во која се уште Белгија и Лихтенштајн. Швајцарците водеа по првото полувреме, а откако Трајановски израмни во 56. минута, а пет минути подоцна Атанасов од пенал го постави конечниот резултат.

В сабота македонската репрезентација се среќава со Белгија, а за пласман во Елитната фаза и е потребна уште една победа бидејќи понатаму двете првопласирани селекции.