АМС со поддршка за „Пандев Куп“

1666

Агенцијата за Млади и Спорт на Македонија (АМС) ќе биде еден од покровителите на првиот „Пандев Куп“ кој ќе биде во организација на нашиот клуб.

Спортскиот директор на Академија Пандев, Југослав Тренчовски денес оствари средба со директорот на АМС, Дарко Каевски кој доби подарок два дреса. Еден од Џенова од Горан Пандев и еден од Академија Пандев.

На средбата беше истакнато дека АМС во рамки на своите можности ќе го поддржи овој проект кој ќе биде масовен и во кој учество ќе земат голем број на млади дечиња.

Првиот „Пандев Куп“ ќе се одржи во четири фази. Првиот турнир е од 1. до 4. март, потоа од 12. до 14. април, како и летото кога во период од 30. јули до 4. август и од 6. до 11. август ќе има уште два турнири.