Алчевски и Николов настапија за македонската репрезентацијата до 16 години

1829

Фудбалерите на Академија Пандев, Марко Алчевски и Иван Николов денеска настапија како стартери за македонската репрезентација до 16 години.

Македонија во пријателски дуел беше гостин на Бугарија во Софија, а натпреварот заврши без победник 1-1. Голманот Алчевски се претстави во одлично издание, имаше неколку фантастично интеревенции од кои за издвојување се оние по ударите на Георгиев и Цветанов. Истото важи и за Николов кој командуваше во средниот ред и потврди дека се работи за фантастичен фудбалер.

Инаку, стрелци за головите беа Стојменов за Македонија во осмата минута и Петков за Бугарија во 64. минута.

В четврток двете репрезентации ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.