Академија Пандев со две генерации во полуфинале од Купот на Македонија

2234

Генерациите 2001 и 2003 година на Академија Пандев обезбедија пласман во полуфиналето од Купот на Македонија.

Кај „петлињата“ родени 2003 година со вкупни 5:2 бевме подобри од Њу Старс од Скопје. Во Струмица загубивме со 1:2, но во Скопје победивме со 4:0.

Пионерите родени 2001 година беа подобри од Работнички со вкупни 1:0. Голот за победа беше постигнат на домашен терен, додека на гости одигравме 0:0.