Академија Пандев против Лестер за седмо место на ЦЕЕ Купот

2675

Младинската екипа (У-19) на Академија Пандев утре ќе се бори за седмото место на ЦЕЕ Купот што се игра во Прага.

Групната фаза од овој турнир, нашиот тим го заврши на второто место со два нерешени резултати против Евертон и Ѓер. Од второпласираните екипи во четирите групи само Академија Пандев немаше пораз, но другите три остварија по една победа и освоија по три бода. Поради тоа, Спарта и Славија ќе играат за петтото место, а Академија Пандев и Лестер ќе се борат за седмата позиција.

Натпреварот се игра утре од 11:15 часот и тоа ќе биде последен настап на нашите младинци на овој турнир.