Академија Пандев против Вардар в недела во Струмица

2622

Заостанатиот натпревар меѓу Академија Пандев и Вардар од осмото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра в недела од 13 часот во Струмица.

Така одлучи Фудбалската федерација на Македонија иако в недела двете екипи требаше да се сретнат во Скопје во дербито на 17. коло. Тој меч е презакажан за 10 декември. Во првиот меѓусебен официјален дуел ќе го пречекаме актуелниот шампион, а две недели подоцна ќе се сретнеме на “Филип Втори”.

До натпреварот против нас, на Вардар му претстои гостувањето кај Зенит во Лигата Европа, а Академија Пандев му посакува успешен настап во Сант Петерсбург.