Академија Пандев повторно поразена од актуелниот шампион

1221

Нашиот тим во последниот натпревар од календарската година, забележа пораз. Во заостанатиот меч од 17. коло во ПМФЛ, актуелниот шампион Вардар повторно беше подобар, денес на „Филип Втори“ со резултат од 3-1.

Домаќините во водство ги донесе Блажевски во 19. минута кој од лево упатие еден силен и незгоден шут кој заврши во нашата мрежа.

Вардар во 33. минута стигна и до 2-0. Вујанац во обид да спаси корнер, изби кратко, а Хамбарџумјан убаво ја сочека топката и од 25 метри биеше прецизно.

„Пандевци“ во вториот период заиграа мошне подобро, па во  57. минута по недозволен старт на Велковски над Грифони, Ецкоски досуди на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Јани Атанасов.

Иако избраниците на Панче Стојановс се обидоа да стигнат до израмнување, тоа не се случи. Офанзивната игра во финишот ја казни Вардар откако Хамбарџумјан со својот втор денешен гол, повторно ефекте, стрелаше за 3-1.