Академија Пандев и го честита 95-годишното постоење на Беласица

1994

Фудбалскиот клуб Беласица утре одбележува 95 години од своето постоење, јубилеј со кој можат да пофалат мал број клубови во земјава.

Беласица има огромен придонес не само за развојот на струмичкиот, туку и на македонскиот фудбал и заслужува целосен респект без разлика на тоа во кој степен на натпреварување се наоѓа. Клубот дал еден куп македонски репрезентативци, а нејзин производ е и најдобриот фудбалер на сите времиња Горан Пандев.

Конечно, Беласица има голема заслуга и за постоењето на Академија Пандев затоа што 95% од вработените во нашиот клуб во минатото биле членови на постариот струмички колектив.

Прославата на 95-годишнината од постоењето на Беласица ќе се одржи утре во 11 часот. Академија Пандев доби покана да присуствува на одбележувањето, но, на наше огромно жалење, поради натпреварот против Вардар во Скопје не сме во можност да го направиме тоа.

Без разлика на се, Академија Пандев и го честита јубилејот на Беласица и и посакува уште многу години постоење и големи успеси.