Академија Пандев испушти победа во финишот кај „фенерџијата“ ФК Скопје

1577

Академија Пандев денеска во рамките на 11. коло од ПМФЛ, не успеа да забележи триумф на гостувањето кај најслабиот тим во домашното првенство.

ФК Скопје се уште ја лови својата прва првенствена победа, а денеска одиграа реми против Академија Пандев со резултат 1:1.

Први поведовме ние во 38. минута прегу Грифони за голема радост во нашите редови. Со тоа почетно водство од 0:1 се замина и на полувреме.

Но во вториот дел мрежите мируваа до самиот финиш, каде успеавме да испуштиме победа во 84. минута, кога за домаќините изедначување носи Филип Мишевски за конечни 1:1 на оваа средба.

Доколку остваревме триумф, ќе напредувавме до 2. позиција на табелата поради првенствениот пораз на Вардар денеска од прилепска победа, а вака останува со 18 бодови на 3. позиција, во -1 во однос на Вардар и цели 11 во однос на лидерот Шкендија.

ФК Скопје останува убедливо последен со 6 бодови во 11. натпревари.