Академија Пандев домаќин на Ренова во ПМФЛ

1989

Фудбалерите на Академија Пандев попладнево го играат дуелот од 4.коло во ПМФЛ. На стадионот Младост во Струмица гостува екипата на Реанова на средбата чиј старт е закажан за 16 часот.

ФК Академија Пандев која ја игра својата дебитантска сезона во Првата македонска лига, во досегашните три кола има освоено 5 бода, откако зебележа едно реми, победа и пораз и во моментов се наоѓа на петата позиција на табелата.

Се очекува на денешниот натпревар со Ренова секако со поддршка од домашната публика да бидат прокнижени нови бодови, посебно поради послабите резултати и игра кои ги има денешниот наш противник на почетокот од новата сезона.