Академија Пандев во Струмица ја продолжува прволигашката одисеја: Деби на домашен терен

1610

Академија Пандев денеска ја продолжува својата прволигашка одисеја со својот прв натпревар на домашен терен, во Струмица, против екипата на ФК Скопје.

По ремито на жешкиот терен во Чаир на отворањето на прволигашката сезона, денеска од 17:00 часот во рамките на второто коло, Академија Пандев ќе дебитира во ПМФЛ и на домашен терен, а цел е да се освојат првите три бода во дебитантската сезона.

Противник ќе биде екипата на ФК Скопје, тим со кој лани се водеше битка за првото место во Втората лига и влез во елитата.

Минатата сезона Академија Пандев одигра три натпревари со Скопје, во кои двата тима забележаа по една победа, а третиот натпревар заврши со реми. Академија Пандев беше поуспешна во првиот меч со 2:0, потоа Скопје се реваншираше со 3:2, додека третиот натпревар, кој Академија Пандев го играше како домаќин, заврши со 1:1.

По убедливата победа во Купот на Македонија со 6:0 над ССК Нова, се надеваме дека нашиот триумфален пат ќе продолжи и во ПМФЛ за прва победа и први три бода во историјата на клубот во елитниот ранг на македонскиот фудбал.