Академија Пандев во поход на Кратово: Играчите ќе бркаат нова победа во ПМФЛ против Силекс

363

Академија Пандев денеска ќе гостува во Кратово кај екипата на Силекс во рамки на деветтото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Нашиот клуб е вистински хит во досегашниот тек од првенството, а денеска ќе не очекува тешка задача да ја продолжиме нашата победничка серија. Силекс во минатото коло освои бод против Работнички и сигурно дека ќе сака дојде до триумф на домашен терен.

Сепак, Академија Пандев, иако е нов прволигаш, покажува одлични игри и нашите играчи имаат огромно искуство. Но, и покрај сето тоа, наша главна цел е да се обезбеди опстанок во ПМФЛ, иако во моментов сме второпласирани на табелата.

По двете победи во низа над Работнички на гостински терен (2:1) и Пелистер дома (2:0), јасно е дека нашиот тим има квалитет да си замине во најмала рака непоразен од Кратово.

Силекс исто така има позитивни резултати на претходните два меча, но на последните пет има дури три порази.

Со победа денеска, Академија Пандев ќе се зацврсти на втората позиција во првенството.

Натпреварот помеѓу Силекс и Академија Пандев се игра денеска (сабота) со почеток од 15:00 часот.