Академија Пандев во полуфиналето од Купот на Македонија!

1138

Екипата на Академија Пандев продолжува со своите одлични игри оваа сезона, па денеска го заверивме и пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија.

Нашата екипа со убедлива победа над Тетекс од 4:1 го потврди пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Купот на доминантен начин, откако на првиот натпревар кој го одигравме на гостински терен во Тетово го совладавме Тетекс со 0:2.

Со ова ние го остваривме нашиот најголем успех во историјата и за првпат ќе имаме шанса да играме за едно големо финале.

Ганчев го отвори резултатот во 21. минута. Во 33. минута Боуен одлично го проигра Стоилов кој се ослободи од противничкиот дефанзивец и стрелаше за 2:0 пред паузата на полувреме.

Боуен имаше навистина одличен натпревар, кој го круниса со погодок во 68. минута од мечот. До крајот на натпреварот Тетекс успеа да постигне почесен погодок преку Меритон, а Михаилов стрелаше за конечни 4:1.

На останатите натпревари, Пелистер и Ренова исто така го обезбедија пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија.