Академија Пандев брутално го елиминира Силекс за 1/4 финале во Купот на Македонија

1915

По победата во Кратово на Силекс со 1:0, денеска беше време за одмазда и елиминирање на противникот од Купот на Македонија.

Фудбалерите на Академија Пандев тоа и го сторија денеска, со убедлива победа од 5:0, го елиминираа Силекс и се пласираа во 1/4 финалето од Купот на Македонија.

Ова е сигурно уште една победа во низа која дополнително ги мотивира нашите играчи за уште повисоки дострели, како во Купот, така и во домашното првенство, каде моментално се третопласирани.

За пофалба се перформансите на Зоран Балдовалиев, кој денеска постигна хет-трик, (42, 60 и 93 минута) додека по еден гол постигнаа Дориев и Александар Мишов.