“ Академиците “ од генерација 2003 со сребро се враќаат од Балканика Куп 2016 во Сандански

2443

Немавме сили за уште еден подвиг. Игравме храбро и одговорно, но заморот се повеќе се забележуваше на лицето на нашите дечиња. Физички појакиот и поснажниот тим на ФК Левски тоа успеа да го искористи и да го добие денешниот финален натпревар со резултат од 2:0.

Дечиња останете со кренати глави, ова е само уште една лекција која треба да ја научиме и оставиме зад нас. Вие сте иднината на ФК Академија Пандев и ви изразуваме благодарност што поради вас се чувствувавме горди во изминативе 5 дена. Ви благодариме што успешно ја презентиравте Струмица и Р. Македонија.